Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска ќе одржи консултации со претставниците на Демократската партија, најсилната опозициска партија и антисистемското Движење пет ѕвезди, кои би можеле да формираат нова влада, откако премиерот Џузепе Конте поднесе оставка.

Конте поднесе оставка на 20 август на седницата на Парламентот на која требаше да се гласа за недоверба на владата, што 12 дена претходно го побара министерот за внатрешни работи и лидер на италијанската Лига, Матео Салвини.

Матарела бара од политичките партии да постигнат договор за нова влада во следните денови, доколку сакаат да избегнат предвремени избори. На денешните консултации шефот на државата сака да види јасни сигнали дека е можен договор за нова влада, како и значаен напредок во тој правец на почетокот на следната недела.

Поранешниот италијански премиер, од редовите на Демократската партија, Матео Ренци вчера истакна дека е подготвен да соработува со Движењето пет ѕвезди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.