Европската Комисија соопшти дека механизмот за забрана за извоз на вакцини е продолжен до крај на јуни.
Овој механизам, кој им дава можност на земјите членки на спречат извоз на дози кон трети земји, истекува на крајот на овој месец. Европската Комисија одлучи да го продолжи до крајот на јуни.
Механизмот беше воведен на почетокот на оваа година кога Европската Унија се соочи со одлагање на доставата на вакцини од фирмата АстраЗенека.
Покрај тоа што механизмот се пролонгира за три месеца, се поедноставуваат и процедурите за активирање на алатката.
Според Европската Комисија досега само едно барање за извоз било забрането, во случајот со дозите АстраЗенека од Италија кон Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.