Поддржувачи на американскиот претседател, Доналд Трамп на автопат со џипови го опколија автобусот од кампањата на Џо Бајден. Поради тоа Бајден ја прекина кампањата во Тексас, а ФБИ спроведува истрага.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат голем број џипови со истакнати знамиња на Трамп околу автобусот што со придружба учествува во кампањата на Бајден. Имало и помал инцидент, кога пикап турнал друг автомобил што се обидел да се приближи до автобусот, пренесува РТ.
Тимот на Бајден наведува дека приврзаниците на Трамп се обиделе да го запрат автобусот и го принудиле да успори и дека во еден момент автобусот бил опколен од околу стотина возила.
Откако ФБИ почна истрага, американскиот претседател на Твитер објави и дека „ФБИ, наместо да ги малтретира патриотите, треба да се фокусира на вистински криминалци и терористи, како што е Антифа, кои ги палат нашите градови и повредуваат луѓе“.
Трамп додаде дека „според него, тие патриоти не направиле ништо лошо“.
Од канцеларијата на ФБИ во Сан Антонио соопштија дека „го испитуваат инцидентот“, не сакајќи да дадат други детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.