Московската полиција започна со апсења на луѓе собрани пред судот во руската престолнина, кој треба да одлучи дали опозицискиот лидер Алексеј Навални ќе биде осуден на затворска казна.

Полицијата привела неколку лица, а мониторинг групата ОВД Инфо соопшти дека се приведени 24 лица.

Помошниците на Навални претходно ги повикаа неговите приврзаници да се соберат пред судот.

Неговата сопруга Јулија и адвокатот Олга Михајлова исто така пристигнаа во Московскиот градски суд за да го поддржат.

Судот ќе одлучи дали Навални (44) треба да биде затворен за кршење на условната казна за проневера во 2014 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.