Евгениј Пригожин, шефот на приватната руска воена компанија Вагнер, го подигна руското знаме во Бахмут, за кое тврди дека сега е целосно под контрола на руските сили.

На видеото објавено на Телеграм, може да се види Пригожин, опкружен со членови на Вагнер на улица на разурнат град, како држи руско знаме на кое е испишан денешниот датум.

– На 20 мај 2023 година точно во 12 часот го зазедовме последното упориште на непријателот, висококатницата „Авион“ – вели Пригожин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.