Владата на британската премиерка Тереза Меј ја доби довербата од Парламентот. За недоверба во Владата гласаа 325 пратеници, додека 360 биле против.

Меј вчера доживеа тежок пораз во Парламентот, откако пратениците со мнозинство гласови го отфрлија договорот што го постигна со Брисел за брегзит.

Откако договорот беше отфрлен, лидерот на опизициските лабуристи Џереми Корбин покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата велејќи дека е време Парламентот да ѝ пресуди на неспособноста на Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.