Конгломератот „Сикорски и Боинг Ко.“ го претставија својот нов футуристички офанзивен хеликоптер со долг дострел кој би требало да стане дел од арсеналот на американската армија.
Со серија фотографии и видеа, „Сикорски и Боинг“ го открија „Дефијант Икс“ (Defiant X), сложен коаксијален хеликоптер како неговиот претходник „СБ> 1 Дефијант“, но со значителни надградби за војската во борбените зони.
Направивме извесни подобрувања во дизајнот кои ќе помогнат во намалување на термичкиот сигнал како и подобрување на аеродинамичкото управување – вели за новинарите Хедер Мекбрајан, директор за продажба и маркетинг на Боинг.
Се претпоставува дека овие нови летала би ги замениле старите борбени хеликоптери „УХ-60 Блек Хоук“ (UH-60 Black Hawk) и „АХ-64 Апач“ (AH-64 Apache).
Во оваа конкуренција „Сикорски-Боинг“ конкурираат против леталото на „Бел Текстрон“, „В-280 Валор“ (V-280 Valor), а доделување на договор се очекува некаде во 2022 година.

„Сикорски-Боинг“ одби да ги открие сите детали врзани со надградбите на ова летало, а тоа што е познато е дека „Дефијант Икс“ „ќе лета двојно побрзо од сегашниот „Блек Хок“ хеликоптер. Со оглед на тоа што „Сикорски“ е дизајнер и на популарниот „Блек Хок“ тимот е веќе запознаен со условите на американската армија, па така и „Дефијант Икс“ може да лета во ист тип формации како Блек Хок – изјави Џеј Меклин, бизнис директор на оваа воена програма на „Сикорски“.
Од „Сикорски“ додаваат дека новиот хеликоптер е оптимизирано летало кое би имало и други намено освен примарната функција за напад со долг дострел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.