Претставничкиот дом на САД усвои два нацрт-закона насочени кон заштита на пристапот до абортус, како одговоро на одлуката на Врховниот суд, кој пресуди дека поединечните држави можат да ја забранат или ограничат постапката.
Сепак, нацрт-законите усвоени од Претставничкиот дом, што е под контрола на демократите, веројатно нема да поминат во Сенатот, каде што ќе бидат потребни 10 гласови на републиканците за усвојување на мерката.
Пред само три недели, Врховниот суд ги поништи основните права со отфрлање на „Ро против Вејд“. Тоа е причината зошто демократското мнозинство решително се залага за можноста за избор, за правата на жените. Ќе преземеме дополнителни чекори за одбрана на репродуктивната слобода на жените – порача претседателката на Демократскиот дом Ненси Пелоси, осврнувајќи се на историскиот случај кој го потврди правниот пристап до абортусот.
Првиот предлог-закон, „Законот за заштита на здравјето на жените“, усвоен само со поддршка на демократите, треба да го легализира абортусот низ САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.