Претседателот на Сирија, Башар ал-Асад и неговата сопруга Асма оздравеле од инфекцијата со корона вирусот.

Откако контролните ПЦР тестови покажале негативни резултатии, Асад и неговата сопруга се враќаат на секојдневните обврски.

По завршување на карантинот и симптомите на Ковид-19, како и негативниот ПЦР резултат, претседателот Башар ал-Асад и сопругата Асма ал-Асад се вратија на нормалните работни и секојдневни обврски – наведе агенцијата САНА.

Сириската новинска агенција на 8 март објави дека претседателот Ал-Асад и сопругата имале позитивни тестови за корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.