Претседателот на Јужноафриканската република (ЈАР), Сирил Рамафоса, е позитивен на корона вирусот и има благи симптоми.
Од од неговиот кабинет соопштија дека тој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги доделил на заменикот Дејвид Мабузи.
Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со сојот Омикрон.
Во изминатиот период Рамафоса посети четири земји во Западна Африка, а во секоја од нив имаше негативни резултати на задолжителното тестирање. Тој се врати дома од Сенегал на 8 декември.
Претседателот на ЈАР порача дека неговата инфекција треба да биде лекција за сите зошто треба да се вакцинираат. Рамафоса додаде дека вакцината и натаму е најдобра заштита од тешки форми на заболување и хоспитализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.