Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан, ги повика Владата и националното собрание да се подготват за одржување предвремени парламентарни избори.
Според него, Ерменија изгубила во војната што и била наметната, како на бојното, така и на дипломатското поле. Саркисјан истакна дека земјата повеќе не е иста како на 26 септември, па дури и на 8 ноември, односно ден пред крајот на војната.
Сарксијан изјави дека во изминатите денови имал повеќе состаноци со парламентарни и вонпарламентарни сили, јавни групи и поединци и дека разговарал со претставници на дијаспората. Тој истакна дека апсолутното мнозинство учесници на состаноците се согласуваат за една работа, дека е неопходна оставка на Владата или укинување на нејзините овластувања, како и одржување на предвремени парламентарни избори.
Во Ерменија се одржуваат протести од 10 ноември, откако премиерот Никол Пашињан потпиша декларација за прекин на огнот со Азербејџан во Нагорно Карабах, област во Азербејџан со мнозинско ерменско население.
Демонстрантите сметаат дека договорот е предавство и бараат Пашињан да поднесе оставка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.