Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро (66) денеска заврши во болница поради икање, соопшти владата. Тој се жали на икање од минатата недела, од кое не може да се ослободи.
-Тој е среќен и се чувствува добро, но ќе биде набљудуван во следните 24 до 48 часа, иако „не мора да е во болница“, се вели во официјалното владино соопштение.
Претседателот минатата недела на локална радио станица изјави дека икал 24 часа на ден и дека тоа му се случувало порано, „можеби поради лековите што ги земал“. Но, во вторникот тој веќе беше видливо уморен и им рече на своите приврзаници дека „го изгубил гласот“ и дека икањето се вратило.
Во септември 2018 година, тој беше прободен со нож за време на кампањата и беше подложен на операција на стомакот. Медицински експерти велат дека икањето може да биде поврзано со иритација на хранопроводот по операција на стомакот. Тој беше сериозно повреден во тој напад и изгуби 40 проценти од крвта. Оттогаш тој беше подложен на неколку операции.
Минатата година на Болсонаро му беше дијагностициран Ковид-19, но имаше лесни симптоми на болеста и не му беше потребна болничка нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.