Претседателот на Алжир,Абделазис Бутефлика ќе поднесе оставка пред крајот на мандатот што му истекува на 28 април.

Пред тоа претседателот ќе преземе мерки за да обезбеди континуитет на функционуирањето на државните институции за време на преодниот период , се наведува во соопштението. Оставката на Бутефлика доаѓа по повеќенеделните протестина стотици илјади жители на Алжир.

Тие на почетокот се противеа на кандидатурата на 82 годишниот Бутефлика за петти претседателски мандат.

Претседателот, кој во 2013 имал мозочен удар и не се појавувал во јавноста, тогаш се согласи да се откаже од кандидатурата, да ги откаже изборите, но без датум на одржување.

Но, по овие отстапки следуваше серија на уште пожестоки протести, во кои се бараше оставка од вечниот претседател.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.