Поранешниот авганистански министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали ја презеде функцијата премиер на преодната влада во државата.
Шефот на авганистанскиот Висок совет за национално помирување, Абдула Абдула дејствува како посредник во преговорите меѓу претставници на талибанците и на властите во Кабул.
Претходно, претседателот на Авганистан, Ашраф Гани ја напушти државата. Според официјален претставник од МВР на Авганистан, Гани заминал кон Таџикистан.
Естонија и Норвешка денска побараа итна седница на 15-члениот Совет за безбедност на ОН на која ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.