Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, предупреди дека ситуацијата со пандемијата на корона вирусот во земјата е исклучително сериозна.

Истовремено Чапутова оцени дека мерките кои моментно се во сила не се доволни.

Претседателката ги повика граѓаните да бидат одговорни и да ги редуцираат личните контакти пред и во текот на прославата на Божиќ.

Чапутова бара од работодавачите да им дозволат на вработените да работат од дома.

Од почетокот на пандемијата, во Словачка се потврдени 135.523 заразени случаи со корона вирус, а 1.251 починале како последица од болеста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.