Францускиот премиер Едуар Филип прогласи победа на вчерашните локални избори на кои се кандидираше за градоначалник на Авр.

Филип освои 58,8 проценти од гласовите на изборите за градоначалник на Авр.

Среќни сме во Авр. Ќе ја прославиме победата – рече Филип, пренесе Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон му честиташе на Филип за „убавата победа“ на локалните избори.

Британската агенција наведува дека според францускиот устав, Филип има надлежност, додека тој е на позицијата премиер, да назначи заменик-градоначалник на Авр, кој би управувал со тој град додека тој е премиер.

Ројтерс, сепак, забележува дека победата на Филип сигурно ќе доведе до поставување прашања во врска со можните прераспределби во француската влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.