Седумнаесет луѓе биле застрелани во раните утрински часови на три различни локации во градот Синсинати, во американската сојузна држава Охајо.

Полицијата објави дека најмалку четири лица загинале.

Во градски кварт во југозападниот дел на Синсинати на самото место останале две жртви, а другите двајца загинале на пат кон болница.

Како што изјави заменик-началникот на полицијата, Пол Њугејт, пукотниците се случиле во рок од еден час, а станува збор за одвоени инциденти на три засебни локации во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.