Попладнево во Амстердам дошло до пукање од огнено оружје, при што загинал еден Црногорец, а друг е повреден. Според регионалните медиуми, ранет е Јован Џуровиќ, брат на Лука Џуровиќ, кој некогаш беше еден од водачите на најмоќниот црногорски криминален клан, пренесува хрватски „Индекс“.

Во пукањето загинал Горан Савиќ, пријател на Џуровиќ, кој кога ги видел вооружените напаѓачи, скокнал пред него за да го заштити од куршумите.

Холандските медиуми објавија дека пукањето се случило околу 15:45 часот во италијански ресторан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.