Истражители од повеќње земји во заедничка акција во Панама и Костарика уапсиле 45 осомничени шверцери на луѓе.

Уапсените биле дел од мрежа што ги носи мигрантите кон САД од јужна Панама, преку Костарика за Никарагва. Истрагата траеше една година и доведе до апсење на 24 осомничени во Костарика и 21 во Панама – изјави обвинителот за организиран криминал на Панама, Емелдо Маркез.

Осомничените шверцери, наводно, контактирале со мигрантите во прифатните центри во џунглата Дариен и им нуделе да ги земат со себе.

Џунглата на границата меѓу Панама и Колумбија е многу опасна поради тешко пристапниот терен и поради бандите кои се активни во тој регион.

Според Сојузот на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРК), само од јануари до август годинава, повеќе од 70.000 мигранти ја минале областа на пат кон север, што е приближно колку во претходните пет години, а најмногу доаѓаат од Хаити или Куба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.