Претседателот на украинската Влада Олексеј Хончарук поднесе оставка од функцијата.
Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка, напиша Хончарук на „Фејсбук“.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ќе ја разгледа оставката на Хончарук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.