Премиерот на Словачка, Игор Матович е позитивен на новиот коронаирус, објавија словачките медиуми.
Поради тоа претседателот на Парламентот, Борис Колар, кој вчера имаше средба со Матович ќе биде во петдневна самоизолација, откако ќе биде тестиран на Ковид-19.
И словачкиот министер за земјоделство Јан Мицовски неодамна објави дека е позитивен на новиот коронавирус. Додека министерот за заштита на животната средина Јан Будај е во карантин откако бил во контакт со вработени во Министерството, а кои биле инфицирани со Ковид-19
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.