Шведскиот премиер од левиот центар Стефан Лофвен денеска официјално поднесе оставка, отворајќи го патот за министерката за финансии Магдалена Андерсон да стане првата премиерка на земјата доколку успее да добие одобрение од парламентот, пренесува Ројтерс.
Лофвен ја предводеше малцинската коалиција со Зелените од 2014 година, а претходно оваа година рече дека ќе се повлече пред следните општи избори, кои треба да се одржат во септември 2022 година.
Андерсон минатата недела го замени Лофвен како лидер на социјалдемократите и најверојатно ќе биде првиот избор на претседателот на парламентот за формирање нова влада.
„Имаме избори за едвај една година и важно е да имаме брзо предавање. Мислам дека гласачите сакаат ова да помине без проблеми.“ изјави Лофвен.
Останува нејасно дали Андерсон има доволно поддршка за да стане лидер на скандинавската земја, а наредната недела би можело сето тоа да се дознае.
Лофвен ќе ја води техничката влада додека не биде поставен нов премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.