Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, е позитивен на коронавирусот.

Тој го информирал претседателот Владимир Путин за својата состојба и ќе замине во самоизолација. Изјави дека ќе продолжи да работи од дома, во постојан контакт со колегите.

Ќе ја координира работата и неговите обврски ќе ги извршува преку видео конференции.

За вршител на должноста руски премиер е назначен првиот потпретседател на владата, Андреј Белоусов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.