Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој на 27 јуни беше позитивен на Ковид-19, утрово е примен во болница.
Како што објави „Гардијан“, на Бетел му се направени дополнителни тестови и анализи, а ќе остане под медицински надзор 24 часа поради претпазливост.
Откако беше утврдено дека е позитивен на корона вирусот, беше соопштено дека има благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација десет дена.
Бетел (48) сам се тестирал, по што позитивниот тест е потврден и со ПЦР тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.