Луксембуршкиот премиер, Ксавиер Бетел, кој во неделата беше хоспитализиран поради слаба сатурација откако се зарази со коронавирус, денеска е пуштен од болница, соопшти владата во Луксембург.

Бетел ( 48), од утре до крајот на неделата кога му истекува периодот на самоизолација, своите работни активности ќе ги продолжи од дома, бидејќи се чувствувал многу подобро.

Како што претходно пишуваа западните медиуми, премиерот Бетел се зарази на неодамнешниот дводневен самит на Европската унија во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.