Холандскиот премиер Марк Руте преживеа гласање за недоверба, спроведено на барање на опозицијата, која го обвини за лажење за време на преговорите за формирање коалициска влада.

И понатаму останувам премиер. Ќе работам напорно за да ја вратам довербата, изјави Руте за медиумите, чија либерална партија, Народна партија за слобода и демократија (ВВД), освои мнозинство на парламентарните избори минатиот месец.

Руте беше поддржан од двете главни партии кои беа дел од неговата претходна коалиција, Д66 и ЦДА, додека сите опозициски партии гласаа против него.

Оваа епизода претставува една од најважните политички битки во долгата кариера на Марк Руте, кој е на власт од 2010 година.

Претходната холандска влада падна во средината на јануари поради скандал со субвенции за деца. Изборите се одржаа на 17 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.