Францускиот премиер, Жан Катекс, порача дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку на нив победи актуелниот и претседател во заминување, центристот Емануел Макрон.

Ќе поднесам оставка од мојата влада и владата во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран – изјави Кастекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.

Премиерот навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот.

Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека ќе биде потребен нов поттик во земјата по реизборот на Макрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.