Премиерката во заминување, Тереза Мај свика вонредна владина седница на која ќе се дискутира за реакцијата што треба да се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормутскиот теснец.
Британските медиуми пренесуваат дека министерот за надворешни работи, Џереми Хант по седницата планира да го информира Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена Имперо“ и неговиот екипаж од 23 луѓе, што сега е во иранско пристаниште.
Иран објави нов видео материјал со бродот и соопшти дека екипажот е безбеден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.