Шкотската премиерка Никола Старџeн се извини за прекршувањето на мерките за сузбивање на корона вирусот, откако беше забележана дека ја отстранила заштитната маска за време на еден погреб.

Фотографијата објавена во шкотски „Сан“ ја прикажува Старџон како разговара со три жени, држејќи се на дистанца, но без маска.

Епидемиолошките мерки во Шкотска предвидуваат задолжително носење маска во затворен простор, освен на маса, а маската мора да се носи додека гостите се движат.

Старџен присуствувал на погреб на владин претставник.

Накусо ја тргнав маската. Тоа беше глупава грешка и навистина ми беше жал – изјави Старџен.

Шкотската премиерка додаде дека секој ден размислува за важноста на носењето маска и затоа сакала да и се извини на јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.