Чешка денеска го префрли првиот пациент со тешки симптоми на Ковид-19 на лекување во Полска, откако минатата недела го активираше барањето за солидарност и помош од земјите во ЕУ кои се помалку погодени од пандемијата и можат да и помогнат затоа што нејзиниот здравствен систем е на работ на колапс. Чешка го испрати барањето за помош откако земјата остана со само 14 проценти слободни кревети на интензивна нега.
Една постара жена со тешки симптоми е пренесена во болницата Рачиборж, во јужна Полска, а Германија и Швајцарија, исто така, се понудија да и помогнат на Чешка со прифаќање на нејзините пациенти. Чешкиот здравствен систем се соочува со рекордни 1.789 пациенти на интензивна нега или на респиратори, како и со вкупно 8.478 пациенти во болниците.
Како резултат на првите десет дена од строгото заклучување, со кое Чесите се затворени во областите во кои живеат, од вчера дневниот раст на новозаразени е намален на 10.466 или за околу 1.700 помалку во споредба со минатиот понеделник, а во цела Чешка во м оментов се активни 163.034 заразени случаи.
Од почетокот на пандемијата, во Чешка со корона вирус се заразени 1,33 милиона луѓе, од кои починаа 22.147 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.