Хуан Гваидо и пратениците кои го поддржуваат денеска влегоа во парламентот, каде тој положи заклетва како самопрогласен привремен претседател на институцијата.

Откако го пробија силното обезбедување пред зградата, тој и неговите приврзаници почнаа да ја пеат венецуелската химна.

„Ова покажува што може да се случи кога сме обединети“, извика Гваидо.

Иако снемало струја во зградата, пратениците на глас го извикувале името на Гваидо, а тој подоцна положил изаклетва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.