До новогодишните празници во Москва се вакцинирани 50.000 луѓе против корона вирусот, а околу 100.000 други веќе се пријавиле за вакцинација.

Како што изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, за телевизијата „Русија 1“, секој ден во изминатава недела повеќе од 10.000 московски граѓани аплицирале за вакцинација.

Собјанин проценува дека интересот за вакцината против вирусот по празниците ќе биде уште поголем и посочува дека тоа е добро бидејќи без вакцинација не е можно да се добие пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.