За пет месеци во јавниот превоз во Москва се казнети речиси 100.000 луѓе затоа што не носеле заштитни маски.
Како што информира, Владислав Султанов, од управата за транспорт во главниот град на Русија, предвидени се казни до 5.000 рубли по лице. Од 12 мај досега издадени се повеќе од 95.900 акти за такви прекршоци со вкупна вредност од над 479,5 милиони рубли (5,3 милиони евра).
Султанов информира дека во јавниот превоз во Москва дневно се вршат повеќе од 100 инспекции, со кои се опфаќаат повеќе од 100 метро станици и 3.800 надземни возила.
Според здравствените власти, комбинацијата на сезонски настинки и корона вирус е многу опасна и носи ризик од сериозни последици. Затоа градската администрација во Москва препорачува учениците, старите лица и лицата со хронични болести да не патуваат низ главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.