Силно невреме ја погоди областа Севен на југот од Франција, при што предизвика голема материјална штета, јави дописникот на МИА.

Вкупно 16 департмани беа ставени во портокалова фаза поради поројните дождови и потенцијалните поплави, а во предвечерието, посебно беше бурно во Севен, планинскиот венец на југот од земјата.

За само 12 часа се измерени 300 мм дожд, што одговара на речиси четири месеци лошо време во регионот. Обилните врнежи предизвикаа бројни инциденти. Во градот Андузе, водостојот на реката Гардон се искачи од три на пет метри, предизвикувајќи поплави. Неколку патишта беа пресечени и скоро 2.000 домови останаа без електрична енергија.

Вчера од силни поројни дождови и поплави беше погодена Корзика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.