Поранешниот американски претседател Џими Картер денеска ќе го прослави својот 97. роденден.
Неговата портпаролка, Деана Конџели соопшти дека поради неговата возраст и пандемијата на корона вирусот, Картер не планира јавни настапи и роденденот ќе го прослави дома во Југоисточна Џорџија.
Вработените во Националниот историски центар „Џими Картер“ во Плајнс, Џорџија, снимија честитки за поранешниот претседател, а јавноста има можност да испрати онлајн честитка за роденденот на адресата www.cartercenter.org.
Многумина веќе испратија роденденски честитки, а некои дури и не го спомнаа претседателствувањето на Картер од 1977-1981 година, но рекоа дека се инспирирани од неговото дејствување потоа, кое вклучуваше доброволна работа, пишување книги, залагање за правда и предавање во црковно училиште.
На поранешниот претседател му беше дијагностициран рак кој се прошири на црниот дроб и мозокот во 2015 година, но четири месеци подоцна, по третманот, тој објави дека ја надминал болеста.
Картер и неговата сопруга Розалин во во јули прославија 75 години брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.