На еден ден пред олеснување на мерките за карантин, австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика граѓаните да продолжат да ги почитуваат важечките мерки.

Само на тој начин можеме да го продолжиме позитивниот развој. Во изминатите неколку недели успеавме да го преполовиме дневниот број на новоинфицирани лица – истакна Курц.

Тој истакна дека постигнатиот напредок сега не смее да биде загрозен.

Останатите мерки, како што се ноќниот полициски час, ограничување на контактите и затворените ресторани и хотели, според него, немаат алтернатива.

Како што нагласи Курц, друг важен инструмент за прекинување на синџирот на инфекција се масовните тестирања, поради што ги повикува граѓаните да учествуваат во таа акција.

Со брз тест од 15 минути, можеме да избегнеме понатамошен карантин, рече Курц.

Во исто време, тој го повтори својот оптимистички став во однос на вакцината.

Развојот и одобрувањето на вакцината напредува брзо, а во тек се подготовки со цел да почнеме со употреба на вакцината во јануари – подвлече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.