За еден ден во Кина умреа 24 лица од коронавирус. Ова е најголема бројка досега на починати за 24 аса од кога се појави вируст во градот Вухан пренесува Раша тудеј.

Вирусот сега се прошири на сите региони во Кина, и во вкупно 170 држави во светот.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Кина скокна на 7.711, а дополнителни 81.000 се на разгледување.

Видео снимките и форографиите од Кина покажуваат празни улици и тишина во трговските центри.

Додека се обидува да се избори со епидемијата, официјален Пекинг стави „под клуч“ 16 града, што значи дека десетици милиони граѓани се под карантин.

А Кина почнува да ја изолира и светот. Русија поради коронавирусот ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот исток, Чешка им ги ограничи визите на Кинезите и се размислува за укинување на летовите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.