Во тешка хеликоптерска несреќа во неделата, во Калифорнија загина кошаркарската легенда Коби Брајант (41).

Покрај него, животот го загубија и осум други лица. Несреќата се случила околу 9:47 минути по локално време.

Една од жртвите е идинтификувана како 13-годишната Џијана, една од четирите ќерки на Коби Брајант.

Загинало уште едно девојче, Алиса, која била соиграч на Џијана во нивниот кошаркарски тим. Таа била во придружувана од нејзините родители, Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон имал 56 години и работел како тренер за бејзбол на колеџ во округот Оринџ. Тој и сопругата ја придружувале нивната ќерка на натпревар кој требало да се одигра напладне.

Ќерката на Брајант, Џијана и Алиса Алтобели заедно играле кошарка за академијата „Мамба“. Алтобели редовно патувал на натпреварите на неговата ќерка.

Подоцна се дознало дека меѓу загинатите е Кристина Маузер, кошаркарска тренерка во приватно училиште во округот Оринџ.

Децата и јас сме уништени. Ја загубивме нашата прекрасна сопруга и мајка. Молиме да ја почитувате нашата приватност. Благодарни сме за сите пораки за поддршка, многу ни значат во овие тешки моменти – напиша нејзиниот сопруг Мет на „Фејсбук“.

Според „Си-би-ес“ Лос Анџелес, во хеликоптерската несреќа загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон. Пилотот е идентификуван како Ара Зобајан, пренесува хрватски „Индекс“.

Причината за несреќата на хеликоптерот сè уште се истражува. Но, она што е познато е дека на летот имало многу проблеми. Времето било лошо, скоро ништо не се гледало поради магла.

Пилотот често ја менувал висината и бил предупреден дека лета премногу ниско. Тој планирал да слета на аеродромот во Бурбенк, но кружел околу 15 минути, чекајќи дозвола за слетување заради лошо време и други летала кои требало да слетаат на аеродромот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.