Познатиот руски историчар и професор Олег Соколов вчера во Санкт Петербург е уапсен за убиство откако во неговиот ранец биле пронајдени женски раце, јавува „Би-Би-Си“.
Шеесет и тригодишниот Соколов пијан паднал во реката Мојка додека се обидувал да ги фрли деловите од телото на жената која ја убил. Полицијата потоа упаднала во неговиот стан, каде го пронашле обезглавеното тело на 24-годишната Анастасија Јешченко.
A 63-year-old St Petersburg history professor has confessed to murdering a woman & dismembering her body in a “fit of passion.” He was found, drunk, at 5am, trying to dump a rucksack with one of her arms in a canal. Police found rest of body in his flat. https://t.co/m0bDHwCecl
— Bryan MacDonald (@27khv) November 9, 2019
Русинот потоа признал дека ја убил Јешченко, инаку негова поранешна студентка и љубовница.
Според информациите на руските медиуми, Соколов пред полицијата објаснил дека по жестока расправија ја убил Анастасија, а потоа ги исекол нејзините раце, нозе и главата. Неговиот план бил да се ослободи од телото на убиена жена и потоа јавно да изврши самоубиство, облечен како Наполеон.
Професорот Олег Соколов е експерт за Наполеон и француската историја и добитник на најпрестижната француска награда Легија на честа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.