Седумгодишното дете, Мергим Л. до смрт било избодено на улица вчера во Базел во Швајцарија, додека се враќал од училиште, а за убиството осомничена е пензионерка (75) која се предала на полицијата.

Ученикот е нападнат во 12.45 часот додека сам се враќал од училиште, соопшти полицијата.

Неговата учителка додека поминувала покрај местото на злочинот го пронашла тешко повреденото момче во локви крв и веднаш повикала брза помош, но момчето му подлегнало на повредите откако беше примено во болница.

75 – годишната старица се предала на полицијата притоа признавајќи го и делото, но не ја открила причината за злочинот кој што го направила. Бабата е уапсена, а полицијата се обидува да дознае дали осомничената е поврзана на некој начин со детето и со неговото семејство.

Како што дознава швајцарскиот весник Блиц, момчето потекнува од поранешна Југославија, наводно од Косово. На местото на трагичниот настан шокираните граѓани оставаат цвеќе и палат свеќи за убиеното момче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.