На едно избирачко место во Мисури за претседателските избори во САД, присуствувал член на изборната комисија на кого четири дена пред изборите му бил дијагностициран Ковид-19. Тој и починал непосредно по денот на гласањето на 3 ноември.

Со присуството на гласачкото место тој потенцијално загрозил речиси 2.000 избирачи.

Надлежните соопштија дека на лицето му било советувано по позитивниот тест да биде во карантин 14 дена.

Во Мисури досега се заразени околу 200.000 луѓе, а како последица од вирусот починале повеќе од 3.000 лица, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.