Шумските пожари што горат неколку дена во северна Украина сега се на само неколку километри од напуштената нуклеарна централа Чернобил. Туристичкиот водич Јарослав Емелианенко вели дека еден пожарите стигнал до напуштениот град Припјат, каде што живееја вработените во Чернобил и нивните семејства.
Сега пожарите се на само два километри од местото каде што се чува најопасниот отпад од нуклеарната централа. Невладината организација „Гринпис“ вели дека пожарите се многу поголеми отколку што мислеа властите. Рускиот огранок на „Гринпис“ вели дека најголемиот пожар зафатил 34.000 хектари, а друг пожар е на само еден километар од поранешната нуклеарна централа и зафатил 12.000 хектари.
Локалната полиција вели дека пожарите горат од 4 април, откако некој запалил сува трева близу забранетата зона. Повеќе од 300 пожарникари работат на гасење на пожарите, а им помагаат шест хеликоптери и авиони.
Нуклеарната централа и градот Припјат се напуштени од 1986 година, кога експлодираше четвртиот реактор на централата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.