Најмалку 23 лица се мртви, а десетици се повредени откако изби пожар во анимациско студио во Кјото, Јапонија. Пожарот наводно бил подметнат.

Локалните медиуми ја цитираа полицијата дека маж во средата изутрина провалил во студиото „Кјото анимејшн“. Полицијата соопшти дека осомничениот, 41-годишен маж, полеал бензин и го запалил. Осомничениот е уапсен и однесен во болница со повреди.

Некои луѓе сè уште се водат како исчезнати, објави телевизијата НХК.

Пожарот избувнал во трикатната зграда околу 10:30 по локално време во четвртокот попладне. Операциите за спасување сè уште се во тек.

Според очевидци, се слушнала силна експлозија проследена со пекол што брзо ја зафатил зградата. Се стравува дека повеќе жртви може да има на горниот кат, кој бил исполнет со густ чад.

Портпаролот на противпожарната служба изјавил дека неколкумина најверојатно не успеале да избегаат на вториот кат.

Околу 36 лица се во болница, некои во критична состојба. Околу 70 лица биле во зградата кога почнал пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.