Најмалку 120 куќи се уништени во пожарот кој го зафати чилеанскиот град Валпараисо, при што голем дел од населението бил евакуиран.

Поради големиот пожар било прекинато снабдувањето со електрична енергија во 90 илјади домаќинства, а градоначалникот на градот, Хорхе Шарп изјави дека пожарите биле намерно предизвикани. Засега, нема податоци за можни загинати.

„Во овој момент тимовите за вондредни ситуации се на терен, ги когистат сите средства за гасење од воздух и земја во два области на повисоките делови од градот“, изјави Шарп и додаде дека високите температури и ветрот го отежнувале гасењето на пожарите.

Валпараисо е еден од најпопуларните градови во Чиле и едно од најголемите пристаништа во оваа јужноамериканска држава.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, пожарот уништил над 120 хектари земјиште, а откако избил во шумската област, за експресно кратко време се проширил и во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.