Во Италија починале 34 лица од коронавирусот во последните 24 часа, што е за осум повеќе од претходниот ден, објави денес Агенцијата за цивилна заштита.

Сепак, бројот на нови случаи опаднал во однос вчерашниот ден, така што се регистрирани 210 нови случаи, споредено со 303 во понеделникот, пренесува Ројтерс.

Од избувнувањето на епидемијата во Италија на 21 февруари починаа 34.405 лица, додека 237.500 се разболеле, со што земјата стана седма по бројот на заболени во светот.

Најлоша сè уште е состојбата во регионот Ломбардија, каде се регистрирани најголем број нови случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.