Унгарската министерка за семејства Каталин Новак најави проширување на мерките за купување на домови за семејства. Програмата им овозможува на семејствата да добијат 28 илјади евра за купување на имот.
Според новите правила, мерката ќе важи и за пензионери кои се уште работат и ги исполнуваат условите. Досегашната забрана имотот да се продаде или подари во рок од 10 години останува на сила, но родителите ќе можат да го стават имотот на име на своите деца во овој период.
Дополнително, граѓаните ќе можат да добијат поврат на ДДВ за купените градежни материјали за изградба на дом, како и на парите платени за купување на плац, во износ до 14 илјади евра.
Во декември веќе беше овозможен повратот на ДДВ за купени домови, а беа укинати и давачките на имотите купени според оваа мерка до почетокот на 2021. Стапката на ДДВ за нови куќи и станови се намали од 27 проценти на 5 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.