Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле денеска изјавил дека „повеќето светски лидери“ користат хидроксихлорокин, лекот чие дејство во лечење на коронавирусот не е докажано.
Претседателот на САД, Доналд Трамп тврдеше дека за време на епидемијата го пие лекот превентивно.
Хидроксихлорокинот првенствено се користи за лечење на маларија.
Светската здравствена организација неодамна ги запре испитувањата за овој лек за лечење на коронавирусот од безбедносни причини.
Трамп во неделата рекол дека веќе не го користи, но Букеле денеска изјави дека тој, како и другите лидери, го користат, пренесува Би-Би-Си.
„Го користам како превенција. Претседателот Трамп го користи за превенција, повеќето светски лидери исто така“, рекол Букеле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.