Во Франција до денеска регистраирани се најмалку 20.796 смртни случаи од коронавирусот, но бројот на хоспатализирани се намалува шести ден по ред.
Шефот на државната агенција за здравство, Жером Саломон изјави денеска дека во болниците умреле 12.900 лица, а во домовите за стари лица 7.896 од почетокот на епидемијата.
Сепак, планирано е од 11 мај во Франција да се укинат мерките воведени со цел да се спречи ширењето на заразата.
Министерот за образование рече дека во текот на три недели децата постепено ќе почнат да се враќаат на училиште.
Часовите ќе бидат организирани во мали групи со најмногу 15 ученици, а активноста во училиштата ќе се одвива со одржување на физичка дистанца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.