Вкупно 9.010.122 луѓе во светот заздравеле од Ковид-19. Најмногу оздравени има во САД- 1.685.263, по што следат Бразил со 1.409.202, Индија со 752.393, Русија со 562.384, Чиле со 306.816 и Перу со 245.081 закрепнати пациенти.

Од болеста се опоравиле и 242.351 пациенти во Иран, 222.068 во Мексико, 208.144 во Јужна Африка, 208.030 во Пакистан и 204.011 пациенти во Турција.

Коронавирусот се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на 11 март годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.