Федералното судство на САД обвини повеќе од 150 лица за вмешаност во насилствата во Капитол во Вашингтон на 6 јануари. Уште 50 лица се обвинети пред локалните судови во главниот град на САД, изјави федералниот обвинител Мајкл Шервин.
Американските медиуми најавуваат дека овие бројки ќе бидат зголемени затоа што истражителите имаат информации за уште околу 400 учесници во инцидентот. Медиумите го нарекуваат упадот и обид за државен удар, бидејќи наводно, целта на приврзаниците на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп била да се спречи потврдата за избор на новиот шеф на државата Џо Бајден.
Пет лица ги загубија своите животи за време на упадот во американскиот Конгрес, меѓу кои и еден полицаец убиен од демонстранти и една жена демонстрантка која беше убиена од полицаец.
Трамп со недели го негираше својот пораз на претседателските избори во ноември, обвинувајќи за масовна изборна измама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.